Разбојништво на бензинска пумпа кај Ржаничино

Од:

На бензинска пумпа на автопатот Велес-Скопје кај селото Ржаничино, ноќеска околу 04,30 часот, од страна на две вооружени лица било извршено разбојништво над вработената при што и одзеле засега неутврдена сума пари, по што го напуштиле местото на настанот.

Како што соопшти МВР, од страна на полициски службеници по преземени мерки на надвозникот кај Јурумлери било сопрено возило во кое се превезувале три лица, меѓу кои биле и двете кои одговарале на описот што бил даден од страна на оштетената. Лицата поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ биле лишени од слобода во ПС Гази Баба за натамошна постапка.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби