А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Разбојници одзеле 680.000 денари од „Брза пратка“ во Аеродром

by А1он30/10/2018 - 10:4230/10/2018 - 10:58696
Share0

Разбојници одзеле 680.000 денари од просториите на фирмата „Брза пратка“ во населба Аеродром.

Добивај вести на вибер

Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против А.Р.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „разбојништво“ и против Л.А.(18) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршила кривично дело „помагање“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 680.000 денари.

Како што соопшти МВР, на 16-ти овој месец, околу 07.10 часот пријавените со мотоцикл дошле пред просториите на фирмата „Брза пратка“ на булевар „Јане Сандански“.

Кога пристигнала вработената и ја отклучила влезната врата, А.Р. влегол по неа и со закана со пиштол и ги одзел парите кои таа претходно ги извадила од банка и мобилниот телефон. По добиената пријава, од страна на полициски службеници веднаш се преземени мерки и активности за расчистување на случајот.

На 27 октомври, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на пријавениот А.Р. на улица „Тодор Чангов“, каде била затекната и Л.А.. При претресот бил пронајден пластичен пиштол и предмети поврзани со кривичното дело.

Двајцата биле лишени од слобода, а извршено е и препознавање на пријавените од страна на оштетената.

krazba

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски11/02/2026 - 20:2911/02/2026 - 20:29

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Горан Наумовски08/02/2026 - 16:57

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он08/01/2026 - 19:1608/01/2026 - 19:18

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски31/12/2025 - 09:3531/12/2025 - 09:35

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски22/12/2025 - 06:5322/12/2025 - 07:00

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Горан Наумовски18/12/2025 - 20:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен