(ВИДЕО) Рауфи: Причина за смртта на Саздовски не се ударите од Бесир и Скендер туку металната кутија поставена на автобуската

Од:

Одбрана на обвинетите ќе оди во правец на докажување дека немало никаква намера, волја, умисла на обвинетите да го лишат од живот сега починатиот Саздовски туку дека се работи за насилство. Сметам дека ќе успееме да докажеме дека причина за смртта е металната кутија односно канделабра од ЕВН која се наоѓала на автобуската постројка, изјави адвокатот на обвинетиот Бесир Беља, Насер Рауфи.

– Нема свирепо убиство кај човек кој е во бессознание. Свирепо убиство претставува свест кај сторителот дека жртвата страда, рече Рауфи.

Одбраната ќе ја докажува невиноста на обвинетите преку реконструкција со увид на настан, испитување на обвинетиот и фотографии.

Обвинетите за убиството на 20-годишниот, Никола Саздовски, Бесир Беља и Скендер Демири се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за убиството.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Судењето на трето обвинетиот во случајот за убиството на Никола Саздовски одложено за 2 април

Ана Ололовска

Продолжува судењето на третообвинетиот во случајот за убиството на Никола Саздовски

Ана Ололовска

ОЈО за уште едно лице поднесе обвинителен акт за убиството на Саздо

Ана Ололовска

Случај „Саздовски” одбраната бара преквалификација на обвинението, обвинителство да се потврдат казните

Ана Ололовска

Јавна седница во Скопска апелација за случајот „Саздовски”

Ана Ололовска

Екстрадиран третиот обвинет за убиството на Саздо

Кристијан Ландов