Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ задоволни од реакциите за еднократниот отпис на долговите

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција посочи дека со Законот за еднократно отпишување на долговите на граѓаните директно им се помогна на многу граѓани имајќи предвид дека веќе се доделени првите 200 одлуки, а поднесени се 42.000 барања.

– Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ безрезервно го поддржа овој Предлог закон, со кој се овозможува отпишување на долговите кои настанале до 31 декември 2013 година на социјално ранливите категории, со цел да се ублажат последиците од ударот кои ги нанесе светската економска и европската должничка криза, изјави пратеникот Ѓорги Коџобашиев.

Досега, потсети тој, има пристигнато вкупно 42.000 барања од страна на граѓаните за отпис на достасани долгови направени за искористена електрична енергија кон ЕВН, долгови за искористена топлинска енергија, долгови по основа на кредитни картички, пречекорување на трансакциски сметки и потрошувачки кредити кои што не се обезбедени со движен или недвижен имот, долгови за радиодифузна такса кон МРТВ, како и за долгови кон нотари и извршители пред кое е поднесено барање за присилна наплата на долговите.

– Со овој Предлог закон директно се помогна на голем број граѓани. Со изгласувањето на овој Закон, допринесовме за подобрување на социјалната положба на најранливите категории на граѓани, изјави Коџобашиев.

Според него, овој закон наиде на позитивни критики и кај земјите од нашето најблиско опкружување, кои го земаа како позитивен пример за грижа кон граѓаните од социјално ранливите категории од Македонија.

– Очекуваме дека во иднина ќе бидат доделени и останатите одлуки од страна на институциите за пристигнатите барања за отпис на долгови од страна на граѓаните и веруваме дека со овој Закон поголем дел од проблемите на граѓаните настанати по овој основ ќе бидат минато. Освен отписот на долгови за социјално ранливите категории се предвидуваат и други олеснителни мерки кои исто така се произлезени од секојдневните комуникации со граѓаните како што се бесплатно изготвување елаборати за легализација на дивоградбите во кои живеат, трајно ослободување од плаќање на радиодифузна такса, како и најавеното зголемување на социјалната и постојана парична помош за 5 отсто, изјави Коџобашиев.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски