А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Расветлена тешката кражба на накит во гостиварско Чајле

by А1он15/09/2014 - 12:1995
Share0

Внука и нејзиниот љубовник се осомничени дека извршиле тешка кражба на накит од домот на чичкото на осмничената во гостиварско Чајле на почетокот од септември. Според СВР Тетово, службениците од Полициска станица Гостивар ја расветлиле тешката кражба на златен накит сопственот на Ј.Ј. (54).

Добивај вести на вибер

На две лица С.Ј. (18) од Чајле и А.И. (18) од Чегране им е поднесена кривична пријава.

Двајцата, млади кои биле во љубовна врска, се сомничат дека на 4-ти овој месец, во попладневните часови, со возилото на А.И. пристигнале пред куќата на Ј.Ј. Користејќи го отсуството на домашните, влегле низ незаклучената врата, а потоа од регал од спалната соба одзеле поголема количина разновиден златен накит. Според пријавата, вкупнате вредност била проценета на 4 милиони и 290 илјади денари.

Во текот на истрагата, било констатирано дека, златниот накит го зел А.И. и вчера при претрес на неговиот дом реализиран со наредба на судија во претходна постапка пронајден е во дворот на куќата сокриен под едно дрво и покриен со лисја и сено.

Двајцата осомничени биле приведени во Полициската станица Гостивар, а вчера определен им е 48 часовен притвор.

mvr

Би можело да ве интересира

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски13/02/2026 - 12:4413/02/2026 - 12:45

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски07/02/2026 - 15:1507/02/2026 - 15:17

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

Предраг Петровиќ31/01/2026 - 17:01

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Горан Наумовски30/01/2026 - 13:41

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Катерина Ѓуровски29/01/2026 - 08:51

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Горан Наумовски27/01/2026 - 16:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен