Расветлена кражбата на накит од куќа во Гостивар

Од:

Полициските инспектори ја расветлија кражбата на златен накит и лап топ вредни над 300 илјади денари, која вчера утро беше пријавена во полициската станица во Гостивар. Според СВР Тетово, осомничена е малолетната ќерка на сопственикот на куќата која наводно спиела во времето кога се случил грабежот.

– Осомничената која нема наполнето 18 години, вечерта од регал во дневната соба го зела ранецот во кој имало кутија со разновиден златен накит (ланец, нараквици, ѓердан и друго) и преку прозорецот им го додала на двајца нејзини другари на возраст од 17 години, кои чекале во дворот. Лапотопот кој, исто така, бил пријавен дека е одземен, го ставила на друго место, по што вчера наутро исценирала пребарување низ просториите, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

По пријавувањето, осомничената и двајцата малолетници се повикани во Полициската станица Гостивар, разговарано е со нив и пронајдени се сите одземени предмети.

Според пријавата од вчера, утрото помеѓу 7 и 8 часот, засега непознати сторители извршиле тешка кражба во куќата на Н.О (52) на улица „143“ во Гостивар и незабележани поминале покрај кујната во која спиеле неговите две ќерки на возраст од 18 и 20 години.

По целосното рачистување на сите поединости, во консулатација и координација со јавен обвинител, ќе следува соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски