Расте нивото на Охридско Езеро, состојбата загрижувачка

Од:

Ново покачување на нивото на Охридското езеро, состојбата и натаму загрижува.

Дваесет и шесте сантиметри над максималната кота, големите врнежи во охридско-струшкиот регион и најавата за нови ги принудија надлежните да превземат дополнителни, превентивни мерки.

За да се ублажи состојбата со покачениот водостој, 10-15 кубни метри вода во секунда од реката Сатеска се пренасочуваат кон старото корито.

oh ezeroto (2)

И Дрим е надојден и претставува опасност за Струга, бидејќи иако се испуштаат над 45 метри кубни езерска вода во секунда, басенот го полнат реките кои дирекно се влеваат во него и тоа со дополнителни 35 метри кубни вода. Голем проблем е и покачувањето на подземните води.

oh ezeroto (4)

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум