Расте интересот за Средношколскиот ученички дом во Кавадарци

Од:

Расте интересот за Средношколскиот ученички дом „Крсте Петков-Мисирков” во Кавадарци. Директорката Трајанка Толева, соопшти за МИА дека годинава овде се сместени над 50 средношколци. Тие доаѓаат од разни делови на државата, а се школуваат во трите кавадаречки средни училишта. Гимназијата, земјоделско-шумарското и екектро-техничкото училиште.

-Условите се одлични затоа што објектот е реновиран од претходно и има нов мебел и опрема, а годинава е исто така дополнително уреден, па спремно ги дочека средношколците. Тие тука престојуваат бесплатно додека се школуваат, трошоците за престој се подмируваат од Министерството за образование и наука, појасни Толева.

Таа додаде дека интересот на средношколци за ученичкиот дом се зголемува благодарение и на тоа што во изминатиов период се отвараат нови струки во кавадаречките средни училишта.

Би можело да ве интересира

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Второто полугодие за учениците почнува на 20 јануари