Расте бројот на пациенти во ковид-центрите, вкупната бројка заразени со Ковид-19 надмина 111 илјади

Од:

Продолжува трендот на зголемување на бројките на новозаразени со Ковид-19 како и на лицата примени во ковид центрите во земјава. Во неколку града веќе се полнат или се исполнети модуларните болници.

Според вчерашните податоци на Министерството за здравство, во ковид-центрите на територијата на целата држава се лекувале 937 пациенти со Ковид-19, при што имало околу 260 празни болнички кревети. Во деноноќието меѓу четвртокот и петокот биле регистрирани 868 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на инфицирани од почетокот на епидемијата намина 111 илјади, оздравеле 355 пациенти, а починале 15 лица.

Со вчера регистрираните новозаболени, бројката на активни случаи во земјава достигна 10.872. Досега во земјата се направени вкупно 559.021 тестирања на Ковид-19, вкупната бројка на инфицирани со коронавирусот од почетокот на епидемијата достигна 111.077, на оздравени пациенти 96.925, а на починати 3.280.

Министерството за здравство посочи дека бројот на приеми во ковид-центрите во изминативе денови е зголемен, поради што е отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски