Расте бројот на новозаразени со коронавирусот во Скопје и Тетово, во земјава има 613 активни случаи

Од:

Скопје и Тетово се градовите во кои бројот на новозаразени со коронавирусот и натаму расте. Според вчерашната статистика, од 54 новорегистирнани случаи од направени 3.087 тестирања, дури 32 се од Тетово, а потоа следува Скопје со 13, Дебар со 4, Гостивар и Валандово со по 2 и Кичево 1. Во 13 градови нема активни случаи на Ковид-19.

Во Тетово вчера беше забележан и еден смртен случај. Од Ковид-19 почина 77-годишно лице во болнички услови

Вчера беа регистрирани и 28 оздравени пациенти, од кои 12 од Скопје, 4 од Куманово, 3 од Тетово, по 2 од Кичево, Велес, Охрид и Струга и 1 од Струмица.

Досега во земјата се направени вкупно 985.556 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 156.506, бројката на оздравени пациенти е 150.399, на починати е 5.494, а бројот на активни случаи изнесува 613.

Најголем број на активни случаи има во Скопје и тоа 184, следи Тетово со 177, Куманово 67, Гостивар 47, Битола 25, Дебар 21, Струмица 16, Кичево 15, Прилеп 11, Охрид 9, Валандово 7, а Струга и Кочани по пет активни случаи.

Потоа следи Кавадарци со четири активни случаи, а по три имаат Велес, Штип, Свети Николе, Берово и Радовиш. Пехчево и Гевгелија имаат по два активни случаи, а Делчево еден.

Во Неготино, Ресен, Крива Паланка, Виница, Пробиштип, Богданци, Крушево, Демир Хисар, Демир Капија, Кратово, Македонски Брод, Македонска Каменица и Дојран немаат ниту еден активен случај во моментов.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска