Расте бројот на хоспитализирани во кичевскиот ковид центар

Од:

Од претходната недела во Кичево бројот на новозаболени е секојдневно во пораст, што се рефлектира и врз бројот на згрижени во ковид центарот во кичевската Општа болница. Од новозаболените, над 80 проценти се инфицирани од британскиот сој на коронавирусот, што е лесно пренослив, а пациентите примени во болница имаат потешки симптоми и смртните исходи се почести, потврди Неџат Балажи, началник на оддел во кичевската Општа болница.

-Последните 7-8 дена секојдневно бројот на новозаболени во нашата болница е се поголем, и од средата бројот на инфицирани е дуплиран и моментално во ковид центарот се згрижени 19 пациенти. Едно лице во тешка состојба е упатено за Скопје, додека една помлада личност со коморбидитети ја загуби битката со Ковид 19. Пациентите кои се примаат во нашиот ковид центар се со многу потешка клиничка слика споредено со лани, а бројот на починати е во пораст, рече Др Балажи.

Тој посочи дека дел од персоналот од останатите оделенија од денеска е ангажиран во ковид центарот, за да се одговори на зголемените обврски.

-Бидејќи од ден на ден се зголемува бројот на новозаболени од Ковид 19, дел од персоналот од повеќето оделенија од денеска е ангажран во ковид центарот. Ние будно ја следиме состојбата, и ако продолжи да расте бројот на новозаболени, сите ќе се вклучиме во лекување на болните. Што се однесува до лекарствата, добро сме снабдени и засега можеме целосно да одговориме на зголемените обврски, додава Балажи.

Тој појасни дека сеуште се работи на централниот довод на кислород, а деновиве се очекува да пристигнат мобилниот ренген апарат, лабораторијата и ехо-апаратот.

Ковид центарот во кичевска Општа болница располага со 45 кревети.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски