Расте бројот на амбулантски прегледани болни од астма, неопходна биолошка терапија и изземање на квотата на инхалаторни лекови

Од:

Бројот на новодијагностицирани и амбулантски прегледани болни од астма е во пораст, но регистрирано е намалување на бројот на хоспитално третираните пациенти. На пациентите со тешка форма на астма им е неопходен посебен вид биолошка терапија, што се уште не е достапна и не е регистрирана во државава.

Во врска со подигнувањето на пропишаните лекови во аптеките, од Фондот за здравствено осигурување е побарано изземање на квотата за инхалаторните лекови, бидејќи пациентите трошат многу енергија и време барајќи го пропишаниот лек. Ова беше истакнато денеска на прес-конференција во Клиниката за пулмологија по повод одбележувањето на Светскиот ден на астмата.

Доктор Бисерка Ќаева Јовковска, која е претседател на Македонското здружение на лекари пулмолози, истакна дека комбинираната инхалаторна терапија е на позитивната листа на лекови и благодарение на таа терапија не е регистриран тежок случај со астма.

– Нашите напори ќе продолжат и натаму да издејствуваме и болните со тешка форма на астма да ја добијат терапијата. Има проблем со кој ние секодневно се соочуваме, а се однесува на подигнувањето на лековите во аптеките. Како Здружение се обративме до Фондот за здравствено осигурување во однос на иземање на квотата за инхалаторните лекови, бидејќи пациентите трошат многу енергија и време барајќи го препишаниот лек од нас, рече д-р Ќаева Јовковска и упати апел до надлежните пропишаниот лек пациентите да го добиваат навреме за да ја држат болеста под контрола.

Директорот на Клиниката, д-р Дејан Докиќ рече дека изминатата година амбулантски биле прегледани 1.450 пациенти, во 2017 година – 1.403 пациенти, а во 2016 година – 1.343 пациенти. Посочи дека има тренд на намалување на бројот на пациенти кои се хоспитализирани поради астма, што значи со полесни форми на болеста има поголем број пациенти, а заради добрата превенција има намалување на бројот на пациентите со тешка и сериозна болест кои бараат хоспитализација.

– Изминатата година биле хоспитализирани 260 пациенти, во 2017 година – 279 пациенти, а во 2016 година 282 пациенти. Ова се должи на едукација на пациентите и објаснување како да ги земаат современите лекови кои главно се по пат на инхалации, додаде д-р Докиќ.

Доктор Горица Брешковска од Клиниката за пулмологија рече дека препорачуваат секој пациент со својот доктор да направи план, што ќе му овозможи да ги редуцира ризиците и да ги конторлира симптомите.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска