А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Распределени 20 социјални станови во Берово

by А1он06/08/2013 - 13:46223
Share0

Во присуство на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска прелиминарно беа распределени 20 социјални станови во општина Берово.

Добивај вести на вибер

Распределбата беше извршена преку посебна електронска апликација развиена со цел да се елиминира човечкиот фактор при рангирањето на лицата кои поднеле барање за добивање социјални станови. На распределбата во општинската сала во Берово беа поканети и присуствуваа речиси сите баратели кои беа во двојно поголем број од расположливиот број на станови.

– Голем приоритет на Владата е обезбедување на кров над глава за лицата коишто спаѓаат во некоја од социјално ранливите категории, истакна министерот Јанакиески.

Тој посочи дека продолжува реализацијата на проектот за изградба и распределба на социјални станови во повеќе градови во Република Македонија.

На распределбата беше најавено дека дополнително ќе се изврши увид на лице место кај сите апликанти на коишто им биле доделени станови за да се утврди веродостојноста на документите доставени во барањето. По извршениот увид на лице место ќе биде извршена конечна ранг листа по што добитниците на социјалните станови ќе може да се вселат во своите станови.

Градоначалникот на општина Берово, Драги Наџински, кој исто така присуствуваше на распределбата  изрази благодарност до Министерството за транспорт и врски за брзото и ефективно реализирање на процесот на огласување и распределба на становите во Берово.

Во објектот кој што се наоѓа на улицата „Моша Пијаде“ во Берово веќе живеат 31 станар на коишто им беа распределни станови на претходната јавна електронска распределба што се одржа во ноември минатата година.

Клучевите од становите лично им ги доделија министерот Јанакиески и градоначалникот Наџински во мај годинава, а откако ќе завршат сите процедури во истиот објект ќе бидат вселени и новите 20 станари за кои денес беше извршена прелеминарната распределба.

berovostanovi

Би можело да ве интересира

Измамник продал еден стан на двајца купувачи во ист ден

Горан Наумовски26/05/2025 - 18:25

Се откопувале гробови, коските се фрлале на градежна депонија

Горан Наумовски14/03/2025 - 18:51

Утрово насекаде минусни температури, најстудено во Берово -9

Горан Наумовски08/02/2025 - 09:13

Утрово најстудено во Берово, најтопло во Крушево

Горан Наумовски02/01/2025 - 09:14

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он12/11/2024 - 20:4012/11/2024 - 21:49

Во незгода тешко повредена жена во Берово

Горан Наумовски19/10/2024 - 20:39
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен