Расправата за специјалниот обвинител ќе продолжи по заседавањето на две собраниски комисии

Од:

Собранието на Република Македонија го утврди дневниот ред на 68. седница на која единствена точка е Предлог-законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, по итна постапка.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски по утврдувањето на дневниот ред даде пауза до 15 часот. Во меѓувреме, како што рече, треба да се создадат деловнички можности и да се заседаваат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

Предлог-законот еподнесен од пратениците Илија Димовски, Талат Џафери, Горан Сугарески и Имер Алиу.

Согласно предложениот закон за Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, на предлог на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата по претходна согласност на четирите политички партии со најголем број пратеници во парламентот, Советот на јавни обвинители по предлог на Собранието, без објавување на јавен оглас, го избира Јавниот обвинител, со мандат од 4 години со право на повторен избор. Собранието ќе го утврди кандидатот за Јавен обвинител со двотретинско мнозинство, вклучувајќи и мнозинство од гласовите на пратениците кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство и ќе го поднесе до Советот на јавни обвинители на Република Македонија.

Советот ќе го избере јавниот обвинител на седница на која се присутни најмалку две третини од вкупниот број членови.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Со потерница ќе се бара 18-годишниот бегалец кој ја прегази Љуба Јаковлеска

Горан Наумовски

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство