А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Распишани конкурсите за највисоките награди и признанија на Општина Охрид

by А1он15/11/2017 - 14:17154
Share0

Градот Охрид ги распиша конкурсите за доделување на највисоките општински награди и признанија за 2017 година, што се доделуваат по повор празникот 8 декември – Патронот на градот „Свети Климент Охридски“.

Добивај вести на вибер

Градоначалникот ја доделува наградата Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ за животно дело односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот што се од особено значење за Општина Охрид и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Македонија и светот.

Општинската Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија пак ја доделува Повелбата – Патрон на градот „Св.Климент Охридски“.

Право на учество на конкурсите имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци, кои во пријавата треба да достават куса биографија и образложение за какви остварувања и придонес станува збор. Исто така, кон пријавите потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа за која се конкурира.

Наградата Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ се доделува на еден добитник само еднаш и истата не може да се дели меѓу повеќе добитници, додека Повелбата може да се додели максимум на пет добитници. Конкурсите ќе траат до 30 овој месец.

ohrid

Би можело да ве интересира

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Горан Наумовски05/02/2026 - 07:54

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски04/02/2026 - 20:2104/02/2026 - 20:45

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Горан Наумовски28/01/2026 - 11:27

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 09:2512/01/2026 - 15:02

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски09/01/2026 - 09:3309/01/2026 - 12:33

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Горан Наумовски08/01/2026 - 09:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен