Распишан оглас за советник за социјала на Заев, нето плата 50 илјади денари

Од:

Канцеларијата на Владата објави оглас за вработување на посебен советник за труд и социјална политика во Канцеларијата на премиерот, со нето плата од 50 илјади денари. Работното место е на определено време, а кандидатот треба најпрво да ги исполнува општите услови:

– Да е државјанин на Република Македонија.
– Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Да има стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, научно поле: социјална работа и социјална политика; правни науки. Да има најмалку 5 (пет) години работно искуство, од кои најмалку 1 година во областа на социјалната политика, правни работи или заштита на човековите права и слободи. Активно познавање на англиски јазик.

Дневното работно време од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот. Неделно работно време 40 часа, од понеделник до петок. Како посебни услови за работата во Канцеларијата се предвидуваат: работа за време на неделен одмор, работа за време на празници утврдени со закон заради извршување на итни и неодложни работи. Паричен износ на основната нето плата изнесува 50.000 денари.

Рокот за доставувањето на пријавите е до 20 ноември.

Би можело да ве интересира

„Блумберг“: Германската влада е во криза

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 отсто, инфлација 2,5 отсто

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија