Распишан конкурсот за доделување на наградите „8-ми Октомври“, „Почесен граѓанин на Крива Паланка“

Од:

Општина Крива Паланка го распиша конкурсот за доделување на наградите „8 Октомври“, „Почесен граѓанин на Крива Паланка“ и „Признание за особени постигнувања и придонес за развојот и афирмацијата на општина Крива Паланка“ за 2018 година.

Наградата „8 Октомври“ се доделува на физички и правни лица од општината Крива Паланка и од Република Македонија како знак на општествено признание за особени постигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитанието и образованието, заштитата и унапредување на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на општината и нејзина афирмација во Република Македонија и во светот.

Наградата 8 Октомври покрај на физички и правни лица се доделува и на ученици и студентиза творечки труд или за континуирани успешни резултати во наставни и воннаставни активности. Наградата се доделува за остварувања во период од една година до објавување на конкурсот, како и за подолг период на работно и творечко ангажирање.

Наградата се доделува на поединци, група творци, правни лица, ученици и студенти.

Наградата „Почесен граѓанин на Крива Паланка“ се доделува на поединец – физичко лице државјанин на Република Македонија или странец за исклучителни заслуги и афирмација на општината во Европа и светот.

Општина Крива Паланка ќе додели и признанија за особени постигнувања и придонес за развојот и афирмацијата на општинта.

Признанијата се доделуват на поединци и правни лица од општина Крива Паланка, од Републиката и од странство како и на странски и меѓународни организации за значајно осварување и постигнување во вкупниот општествен развој од сите области на животот и трудот за унапредување и афирмација на локалната самоуправа во општина Крива Паланка.

Право да предлагаат кандидати за Наградите имаат правни и физички лица со седиште, односно живеалиште на подрачјето на општината. Предлозите мора да биде образложени, а кога се однесува на поединци, група творци или ученици односно студенти, треба да се приложи кратка биографија. Предлагачите треба да ги наведат својот полн назив и седиштето, односно името и адресата.

Конкурсот трае осум дена од денот на објавувањето, а предлозите за кандидати се доставуваат до Одборот за доделување награди и признанија на општината Крива Паланка.

Предлозите се доставуваат исклучиво до архивата на Општина Крива Паланка, најдоцна до 27 септември 2018 година до 16 часот.

Би можело да ве интересира

Филипче: Сашко ќе добие уште еден мандат во Крива Паланка

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Митовски: Пожарите во Крива Паланка се локализирани, но сѐ уште постои опасност од разгорување

ЦУК: „Ер тракторот“ дејствува во Крива Паланка, а хеликоптерот на МВР е упатен кон селото Орман

Се разгорува пожарот над Крива Паланка