Расмусен доаѓа во Македонија за средба со Груевски

Од:

Во рамките на посетата на Регионот, генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен утре ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Македонија.

За време на посетата, како што соопшти денеска МНР, генералниот секретар на НАТО ќе оствари средби со премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски и министерот за одбрана Талат Џафери, како и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

На средбите, Генералниот секретар Расмусен ќе биде запознат со статусот на прогресот на Република Македонија, во однос на имплементацијата на реформските процеси во земјата, а со основна цел упатена кон целосна евро-атлантска интеграција и забрзано остварување на членството во НАТО.

Би можело да ве интересира

Марк Руте: Мораме да им обезбедиме на Украинците сè за да ја продолжат борбата

А1он

Руте ѝ се заканува на Москва: Нападот врз Сувалкискиот коридор ќе предизвика остар одговор на НАТО

Медведев: Распадот на НАТО би бил корисен за целата планета

Маслеников: НАТО се подготвува за можен конфликт

„Продолжете да сонувате“: Шефот на НАТО вели дека Европа не може да се одбрани без помош од САД, особено од нуклеарен напад

Предраг Петровиќ

Фредериксен: НАТО нема мандат да преговара во име на Данска и Гренланд и за нашите односи

Горан Наумовски