Раскинат договорот за катна гаража кај НИП, Центар ќе гради училиште

Од:

Општина Центар ја запре изградбата на катната гаража до некогашната НИП „Нова Македонија“. Советниците едногласно застанаа зад предлогот на градоначалникот Андреј Жерновски да се раскине договорот за долгорочен кредит склучен од поранешното раководство меѓу Комерцијална банка и Општината.

Три милиони евра вредниот кредит требаше да овозможи на ова место да никне уште една катна гаража за која Жерновски неколку пати посочуваше дека не е во интерес на граѓаните и дека мнозинството центарци наместо гаражи сакаат нивните пари да одат за друго.

Општина Центар наместо споменици, гаражи и барок е ориентирана кон изградба на училишта и градинки.

„Немам намера да ја градам катната гаража, таа не е од интерес на граѓаните. Гаражата би им служела само на 180 административци, но не и на станарите од околните згради“, изјавуваше неколку пати Жерновски.

Во образложението на одлуката за запирање на изградбата на катната гаража со деловен простор, стои дека приоритет се дава на изградбата на ново основно училиште и нов објект на детската градинка „Кочо Рацин“, кој што е веќе започнат.

Во централното градско подрачје има неколку катни гаражи кои се неискористени и стојат полупразни.

gruevskiLopata

Камен темелникот на гаражата со фрлање лопата го постави премиерот Никола Груевски, непосредно пред локалните избори во 2013-та година.

Како што тогаш најави Груевски, ова е дел од проектот за изградба на седум катни гаражи во центарот на градот.

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски