Рашковски до Трајчева: Доказите тврдевте дека се на УСБ, а читате од „ворд“, знам како сте пишувале приказни во 2009 година

Од:

Ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, реагираше на начинот на кој се изведуваа комуникациите меѓу него и другите обвинети, за кои обвинителката Ивана Трајчева кажа дека се од апликацијата „Вибер“. Тој побара да се види патеката на ворд фајлот од каде се читаа пораките, за да се утврди каде е зачуван. Посочи дека со тоа ќе се утврди автентичноста. На ова реагираше обвинителката Ивана Трајчева која рече дека пораките се презентираат од извештај направен од Истражниот центар на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција од каде се издвоени пораките кои се докази од приватната комуникација.

„Може да ме казните, ама морам да го кажам тоа што мислам. Сакам обвинителката да го отвори ворд документот кој беше презентиран. Сакам да стои во записник дека кога одите на file-save as-“, а реагираше Трајчева: „Судија!“, а Рашковски додаде: „Нема судија, одете!. Ве молам да се утврди дека комуникацијата не произлегува од рапортот кој е презентиран. Ве молам да го отвориме УСБ стикот, бидејќи ако изведуваме треба да биде од УСБ-стик. Молам обвинителството да стави УСБ-стик во компјутерот. Јас можам да ја потсетам на многу работи обвинителката од 2009 година. Каде се тие два УСБ стика? Барам да асе изведат овие два стика, да се стават во компјутерот на Обвинителството. Сме ги барале пет пати, не ги даваат. Барам ворд документот, во ‘пропертис’ и да видиме кога документот е креиран. Да видиме кој го креирал документот. Да видиме која е автентичноста на тој документ и барам ‘ворд’ документот каде што има слика, да видиме како е дојдена таму, дали е импортирана, како произлегува, дали од телефонот или од друго место. Кога тоа ќе го направиме може да збориме за изведување докази. Во спротивно, ова е приказна.. Јас знам многу убаво како пишувала обвинителката во 2009 година“, рече Рашковски.

По ова, Трајчева потенцираше дека се презентира извештај со пораки разменети помеѓу обвинетите, кои Обвинителството сметало дека се докази.

„Јас и на почетокот кажав дека е извештај, кажав за кои докази се однесува, а кажав и дека се изведува извештај од Истражниот центар на Обвинителството. Ова од причина што во уредот има комуникации кои што воопшто не се однесуваат на предметниот настан, има приватни комуникации. Па со оглед откако е прегледана целата содржина која е екстрахирани од уредите кои ги наведов, Обвинителството има направено од тоа што обвинителството сметала дека е доказ. Ова е извештај, за да не се повреди приватноста“, објасни Трајчева.

Инаку, на денешното рочиште се презентираат комуникации за кои обвинителката Ивана Трајчева кажа дека се екстрахирани од телефоните одземени од обвинетите, меѓу кои е и Драги Рашковски.

Би можело да ве интересира

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Катерина Ѓуровски

Осуден во „Софтвери“ ја запроси девојката во судница: „Прекрасен момент, нека ви е со среќа“, им честиташе судијката

Орце Костов

Во Кривичен денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“

Завршни зборови за „Софтвери“ во Кривичен

Рашковски: Софтверот е целосно реализирани во првите 80 дена