Расчистено „убиство“, поднесена кривична пријава против маж од Тетово

Од:

Денеска од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал- Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесена е кривична пријава против 39-годишниот Ф.У. од Тетово поради основано сомнение за извршено кривично дело „Убиство“ предвидено и казниво по чл. 123 од КЗ на РСМ, извршено на 29.12.2022 на ул.„1737“ во Скопје, кога Ф.У. со употреба на остар предмет – нож го усмртил 64-годишниот А.Д. од Скопје, извести МВР.

– Имено, по добиена пријава дека во напуштена куќа на улица „1737“ во Скопје било пронајдено починато лице со видливи повреди, преземени се мерки и активности од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, обезбедени се материјални докази и утврден е идентитетот на сторителот на кривичното дело Ф.У. (лице кое е осуденик кој требало да биде на издржување на казна затвор во КПУ Идризово Скопје, но во тој период бил во бегство), соопшти МВР.

Ф.У. е приведен од полициски службеници од СВР Скопје и спроведен во КПУ Идризово, а во службен разговор го признал делото.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва