Расчистени патните правци до селата Огут и Нерав, учениците денес седнаа во клупите

Од:

Патниот правец до село Огут, Кривопаланечко е расчистен, а службите за зимско одржување од општината работат и на расчистување на патот до село Нерав.

-Дванаесетмината ученици од подрачните училишт ана ООУ „Јоаким Крчовски, денес следеа редовна настава, за разлика од вчера, кога поради лошото време и непроодноста на патот, наставата беше откажана. Настава се одвиваше и во ПУ на основно училиште „Христијан Тодоровски-Карпош“ во село Герман, општина Ранковце, каде исто така вчера учениците не учеа. Патот до село Герман сепак е тешко прооден, поради наносите на одредени места и снежна покривка од околу 40-тина сантиметри, информира раководителот на ПЕ на Дирекција за заштита и спасување, Крива Паланка, Зоки Павловски.

Патот до село Герман е регионален, па од Јавно претпријатие Макеоднија пат е најавено специјално возило за отстранување снег да го расчисти во текот на утрешнито ден.

Од ДЗС информираат и дека патнито правец до село Дренак е непрооден подолго време, бидејќи се работи за црн пат.

-Патот до село Дренак, во продолжение од село Метов, е непрооден подопг временски период поради специфичноста на теренот. Во селото живеат 18 жители, со кои сме во постојани контакти и истите се снабдени со намирници, така што , досега не јавуваат за проблеми, ниту со снабдување со струја, додава Павловски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Сашко ќе добие уште еден мандат во Крива Паланка

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Митовски: Пожарите во Крива Паланка се локализирани, но сѐ уште постои опасност од разгорување

ЦУК: „Ер тракторот“ дејствува во Крива Паланка, а хеликоптерот на МВР е упатен кон селото Орман

Се разгорува пожарот над Крива Паланка