Расчистени два случаја на грабежи на банки

Од:

Расчистени се два случаја на грабежи на банки во Скопје и во Гостивар, информира директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски на денешната прес-конференција.

Првиот случај е од 28 февруари, во скопската експозитура на Шпаркасе банка во ТЦ „Буњаковец“, а вториот од 2 март во експозитурата на Халк банка во Гостивар.

– Во првиот случај од 28 февруари, околу 10 часот беше извршено разбојништво во експозитурата на Шпаркасе банка, при што непознати сторители одзедоа 7.990 евра и 490.000 денари. По презмените истражни мерки и собраните докази констатирано е дека во овој случај биле инволвирани три лица од Скопје, инаку познати сторители на имотни деликти, рече Велковски.

Завчерашното разбојништво во Халк банка е извршено во 12 часот од непознат сторител вооружен со пиштол, со качулка на главата и шал на лицето со закана од вработените одзел околу два милиони денари. Се работи со осомниченото лице.

– По преземните мерки и анализи и материјалните докази констатирано е дека се работи за 37-годишниот А.Б.од село Неготино, Гостиварско. Лицето е приведено и со целокупниот докумнетиран материјал и кривичнатаб пријава е предадено на надлежен јавен обвинител, рече Велковски.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец