Расчистени дивите депонии во скопската населба Топаана

Од:

Во скопската населба Топаана расчистени се дивите депонии и извршено е рачно миење на три микро локации.

Во расчистувањето беа вклучени дваесет работници од Јавна комунална хигиена, а се користеа и две специјални комунални возила „пјаџо“, два кипера и една цистерна.

Во рамки на акцијата исчистени се околу 25 кубни метри отпад.

Во текот на изминатите денови, од страна на еко-патролата на „Комунална хигиена“ и комуналните редари на Градот Скопје реализирани се и едукативни разговори за правилен третман на комуналниот отпад со оние граѓани кои се забележани како го прекршуваат Законот за јавна чистота.

Би можело да ве интересира

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка