Расчистена кражба на автомобил, приведен крадецот, возилото вратено на сопственикот

Од:

Полициски службеници вчера привеле скопјанец за крадење патничко возило со скопски регистарски ознаки, информира Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 14:45 часот на ул.„Крушевска Република“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле до слобода Ф.Т.(22) од Скопје поради сомнение дека на 09.10.2021 на ул.„Народни херои“ одзел патничко возило „форд мондео“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.С.(30) од Скопје. Тој бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признал делото. Возилото било пронајдено и по консултација со Јавен обвинител било вратено на сопственикот, посочуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот против Ф.Т. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина