Расчистен случајот со заканите кон градоначалникот на Гази Баба, поднесена кривична пријава

Од:

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје денеска (15.09.2023) ги лишија од слобода С.М. , Ф.М. и М.М., во врска со пријавата од градоначалникот на општина Гази Баба, кој на 11.09.2023 во СВР Скопје пријави дека три лица упатувале закани по неговиот живот поради претходно извршено уривање на дивоградба во с. Инџиково.

Веднаш по добиената пријава, преземени се неопходните мерки и активности и денеска сторителите се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје по брза постапка за кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 ст.4 од КЗ.

Би можело да ве интересира

Левица: Катастрофална состојба на локалитетот Острово – одлика на неспособноста на градоначалникот Стефковски

Стефковски: СДСМ во Гази Баба никогаш повеќе

Димитријевиќ: Стефковски троши 650.000 евра народни пари за партиски вработувања во Општина Гази Баба

СДСМ: Ништо од ветената Зелена Општина, денес Гази Баба тоне во шут и отпад

Левица: Стефковски ги остави учениците во Гази Баба без бесплатен превоз

Каевски: За две години локална власт ДПМНЕ и Стефоски во Гази Баба имаат нула резултати