А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ранохристијанска црква откриена на археолошкиот локалитет Манастирче

by А1он28/10/2017 - 15:33375
Share0

Археолози од Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип и од Археолошкиот музеј на Македонија открија ранохристијанска црква на археолошкиот локалитет Манастирче кај штипското село Чардаклија, во близина на трасата преку која ќе минува експресниот пат Штип – Кочани.

Добивај вести на вибер

– Целиот простор кој го истражуваме е на површина од 25 на 25 метри квадратни. Објектот е средновековен во поголемиот дел, повисоките партии се средновековни, но имаме индиции дека се работи за некоја постара градба во темелите, изјави Илинка Атанасова, археолог во Археолошкиот музеј на Македонија.

Директорот на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град-Штип Митко Штерјов рече дека на овој локалитет се работи на археолошко-конзерваторски работи и ќе се продолжи со работа и во следниот период.

На трасата на експресниот пат се наоѓаат уште два локалитета, но поради оддалеченоста тие нема да подлежат на конзерваторски работи како овој локалитет.

– На самата траса на експресниот пат во близина се наоѓаат три поголеми локалитети, како што е Лозен Градиште кај Горни Балван и Клетовник до Крупиште. Меѓутоа тие се малку подалеку од трасата. Така што, според правилата, таму се вршеше само надзор на трасата. Додека кај овој локалитет мора да има конзерваторски работи, па потоа да се ослободи за градежните работи на експресниот пат, рече Штерјов.

Археолошките истражувања на локалитетот Манастирче се финансирани од Агенцијата за државни патишта.

stip

Би можело да ве интересира

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Катерина Ѓуровски09/02/2026 - 14:23

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Горан Наумовски05/02/2026 - 13:33

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:54

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он08/01/2026 - 15:3708/01/2026 - 15:45

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Горан Наумовски30/12/2025 - 22:30

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски08/12/2025 - 14:1708/12/2025 - 15:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен