Рангелова повика пратеници инволвирани во случаи на обвинителствата, да не зборуваат за законот за ЈО

Од:

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, од собраниската говорница им се обрати на сите пратеници, а посебно до нејзините колеги од партијата, од каде им порача дека сите кои се дел од случаи како обвинети лица, дел од предистражна или истражна постапка која била водена од ОЈО или СЈО, да не влегуваат во расправа за законот и да се јавуваат за збор на пленарната седница.

И таа самата рече дека нема да го каже своето мислење за предлог-текстот на законот за ЈО, е обвинета во случај на СЈО.

„Јас денес нема да зборувам за законот, бидејќи сметам дека како пратеник кој што е инволвиран во случај од СЈО, не би требало додека нема завршница на мојот случај, да зборувам за овој закон.

Ова го зборувам бидејќи сметам дека е принципелно, оние кои се инволвирани во некакви случаи да не учествуваат ниту во приговори, ниту во изјаснување за овој закон.

Прво бидејќи сметам дека ние како луѓе кои сме дел од предмети, имаме пресумција на невиност, но, секогаш може да се каже меѓу граѓаните дека имаме конфликт на интереси.

Нормално е кога сме засегнати, да не говориме. Имам свое мислење за законов, кога ќе дојде време ќе го кажам. Можам да зборувам како паталец, а не како гаталец.

Би сакала да има добро законско решение, за утре да не може некој да го злоупотреби овој закон, да нема правни слабости, да завладее правото во нашата држава, за граѓаните да чуствуваат правна сигурност“, рече Рангелова од собраниската говорница.

Таа им порача на пратениците од нејзините редови, личните работи да ги остават за по дома, а во пленарната сала да дискутираат за предлог-текстот на законот за ЈО.

„Жал ми е што гледам како колеги од ВМРО-ДПМНЕ, без разлика дали се независни или пратеници од оваа пратеничка група, учествуваат во едно самоуништување на партијата.

Би сакала ова да престане веднаш. Имаме за што да зборуваме, а тоа е законот. Личните работи, да ги оставиме за по дома.

Затоа ќе кажам, сите кои се засегнати во случаи, дали се обвинети, во истражна или предистражна постапка, да не влегуваат во расправа за овој закон, бидејќи граѓаните ќе кажат дека го зборуваат тоа пристрасно“, доаде Рангелова.

Пред неа, од собраниската говорница зборуваше нејзиниот колега Илија Димовски кој е обвинет во случајот „Талир“.

Би можело да ве интересира

Рангелова ослободена од „Насилство во Центар“, Фетаи го повлече обвинението

Кристијан Ландов

Жерновски-Буриќ: Советот на Европа го поздравува донесувњето на Законот за ЈО

Ана Ололовска

Законот за ЈО за едни чекор напред кон правна држава, за други амнестија за криминалот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Спасовски – Фон Дер Лајен: Честитки за донесувањето на Законот за ЈО

А1он

Џафери: Законот за јавно обвинителство е донесен во соодветна процедура

Ана Ололовска

Брисел ги поздрави одлуките на македонскиот Парламент, сега на ред е ЕУ

Драган Поповски