Рангелова: Ќе се бориме за воведување на скандинавскиот концепт во Македонија со 50 отсто учество на жените во власта

Од:

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, стартува платформа која во наредниот период ќе биде исклучиво фокусирана кон јакнење на жените за нивна проактивна улога во јавниот и политичкиот живот на земјата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

По тој повод Претседателката на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, денеска со говор го отвори настанот, кој е официјално отпочнување на платформата.

Таа истакна дека жените се моќни чинители во демократските општества и дека секоја жена мора да биде охрабрена во борбата за остварување на сопствените права, потенцирајќи дека како жена ќе се бори за воведување на скандинавскиот концепт во Република Македонија со 50 отсто учество на жените на сите нивоа на власт.

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ доби целосна поддршка од Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој даде целосна поддршка на отпочнувањето на функционирањето на женската платформа во рамки на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ.

Свое обраќање на свеченоста имаа и проф. д-р. Александар Спасеновски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје, доц. д-р Марија Ристеска од Центарот за истражување и развој на политики и Даниела Димитриевска извршна директорка на Македонското женско лоби.

Силна поддршка на женската платформа на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ дадоа и меѓународните стратешки партнери на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ и тоа: Илина Мангова од ИРИ, како и Александра Цветковска од Националниот демократски институт.

Тренинг обуката која е пакет од десет модули ќе биде спроведена од страна на врвни професори и експерти и се очекува да испродуцира квалитетни кадри од редовите на жените кои ќе бидат идни активни партиципиенти како во партиските структури, така и во јавниот и политичкиот живот на централно и локално ниво.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците добија реално повисоки плати, приоритет, стабилна економија и раст на платите

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски