Ранет маж во близина на поликлиниката Бит Пазар

Од:

Едно лице е повредено со огнено оружје во близина на поликлиниката Бит Пазар во Скопје. Повредениот маж со прострелна рана во ногата е пренесен во болница, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

– Денеска од ГОБ „Св. Наум Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека кај нив е донесен П.П. (24) со прострелна рана во ногата, а, според пријавеното, во него во близина на поликлиниката Бит Пазар во Скопје пукало едно лице. Според првичните информации во П.П. пукал Р.Ш.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа од МВР.

Од МВР посочуваат дека ова се првични информации, а во текот на денот ќе излезат со повеќе информации.

Би можело да ве интересира

Почина скопјанецот кој беше застрелан кај Бит Пазар

А1он

(ВИДЕО) Оружен инцидент на Бит Пазар, едно лице е рането, а повредена е и жена

Горан Наумовски

Жител од Јосифово со нож рани познаник, насилникот заврши во станица

Со „југо“ удрил во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот

ОЈО: Скопјанец „окупирал“ државно земјиште и го претворил во паркинг

Летале куршуми кај Бит Пазар, оштетени прозорци од куќи и возила

А1он