Денеска скопска Апелација ќе решава по жалбата на Велија Рамковски, сопственикот на згаснатата А1 телевизија и на сите осудени во случајот „Пајажина“.
Рамковски пред неполна година беше осуден на 13 години затворска казна, а останатите, меѓу кои и ќерката на Рамковски и поранешниот директор на А1 на казни затвор од 2 до седум години.
Рамковски и дел од осудените се во притвор од декември 2010 година.