(ВИДЕО) Рамчиловиќ: Волјата на македонскиот народ е да се отвори Уставот

Од:

Имавме значајна средба и консултации со премиерот. Нашите предлози и насоки кои ги дадовме денеска во најголем дел се прифатливи, тие ќе ги разгледаат и додадат во нацрт-амандманите. Но, тие пред да бидат испратени ќе бидат доставени до нас, рече по средбата со премиерот Заев, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ.

https://www.youtube.com/watch?v=PBI0HQhulM

– Во другиот дел од состанокот се разговараше и за координативно тело за национално помирување. Со премиерот констатиравме дека тоа е најдобро нешто за обединување. Деновиве ќе испратиме барање до Џафери за негово формирање. Секоја иницијатива е добредојдена, за координативното тело сите предлози се добредојдени и со тоа да се дадат најдобри решенија, рече Рамчиловиќ.

Тој рече дека ќе работат транспарентно и оти сите ќе бидат поканети.

– Во самата пратеничка група е неколку пати споменато дека пратениците не прекршиле ниту една одлука на ВМРО-ДПМНЕ. Не сме одлучиле кој ќе биде координатор на пратеничката група, тоа ќе се знае во текот на денот, рече Рамчиловиќ.

Според него со отворањето на амандманската расправа, се почиитува волјата на македонскиот народ.

Референдумот заврши како што заврши. Како здружение АВАЗ, остануваме на ставот дека не е успешен референдумот, но волјата на македонскиот народ и пратениците е отворање на Уставот. Ова е единствениот начин за Македонија да оди напред без разлика колку пропусти има договорот.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он