А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Раководството на МПС на средба со министерот Нухиу

by А1он23/05/2017 - 14:39318
Share0

Новото раководство на Македонскиот полициски синдикат (МПС) вчера имало работна средба со министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на која биле информирани за состојбите и активностите на Министерството поврзани со настаните од 27 април 2017 година во Собранието на РМ.

Добивај вести на вибер

Како што соопштија од МПС, тие побарале од министерот темелно, правично и законско постапување за секој случај поединечно, како и неисклучување на командната одговорност поврзана со настаните.

– Исто така побарано е мерката отстранување – суспензија од работното место, која е негово дискреционо овластување, да не се применува како правило и поединечно да се преиспитаат веќе донесените решенија за отстранување, како и да ја искористи својата позиција за да побара дисциплинските комисии што побргу да заседаваат и побргу да се решат случаите поврзани со колегите кои веќе се отстранети од работните места, се истакнува во соопштението на МПС.

Нухиу ги информирал дека формирал работна група со задача објективно и целосно утврдување на фактичката состојба поврзана споменатите настани и дека се поканети и членовите на МПС да присуствуваат на состаноците на Работната група.

Во однос на сите други актуелни прашања за вработените во МВР Нухиу побарал истите да се отворат со идниот министер.

mpsmvr

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он28/03/2026 - 20:2528/03/2026 - 20:10

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он28/03/2026 - 15:50

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 16:29

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Горан Наумовски23/03/2026 - 13:16

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ20/03/2026 - 21:1220/03/2026 - 21:14

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 12:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто