А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Раководството на Косово го осуди насилството во македонското Собрание

by А1он28/04/2017 - 12:19138
Share0

Косовскиот претседател Хашим Тачи напиша на Фејсбук дека Охридскиот договор е вистинска рамка за обезбедување демократско функционирање на Македонија, пренесува Танјуг.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Ги следам со загриженост случувањата во Република Македонија. Го поздравувам изборот на новиот претседател на македонското Собрание, господинот Талат Џафери, и апелирам сите да се воздржат од насилни дејствија, напиша Тачи.

Истовремено, претседателот на косовскиот Парламент, Кадри Весељи, исто така, го осуди насилството во Скопје и инсистира политичкото раководство во земјата да ги одржи мирот и стабилноста.

– Во интерес на сите луѓе во регионот е да се одржи стабилноста и кризите да се решаваат со политички средства, напиша Весељи на Фејсбук.

Следете a1on на Youtube YouTube

Косовското Министерство за надворешни работи во своето соопштение наведува дека внимателно ја следи ситуацијата во Македонија и смета дека насилството врз пратениците е неприфатливо и недемократско.

Движењето „Самоопределување“ во своето соопштение пишува дека насилството во македонското Собрание е извршено со премолчена согласност од полицијата. Партијата соопшти дека се надева оти моменталната ситуација во Скопје нема да прерасне во државен удар или цивилен судир.

kosovosobranie

Би можело да ве интересира

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Горан Наумовски09/11/2026 - 11:20

Дедо е осомничен дека ги уби синот и внуката во село близу Гњилане

Горан Наумовски01/11/2026 - 16:4101/11/2026 - 16:42

Повеќе од 100 парчиња огнено оружје се украдени од магацин во Ѓаковица

А1он31/10/2026 - 15:18

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски28/10/2026 - 07:0528/10/2026 - 07:05

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Горан Наумовски26/10/2026 - 14:13

ВИДЕО: Србите од Косово одат во Србија на гласање, гужви на границите

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 08:39
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео