Раководството на ДПМНЕ е во филмот „Битката на Неретва“

Од:

Веќе со сигурност се приближува падот на режимот на фамилијата Груевски само прашање е денот кога тотално ќе колабира, а очигледена е масовноста на ослободителниот фронт кон кој се приклучуваат граѓаните на Република Македонија. Сигурно е дека сите одбранбени линии на оваа влада се пробиени со досега активираните бомби на опозицијата.

Во комитетите на ДПМНЕ се гледаат партиски филмови преку кои се подигнува моралот на членството, а секако најгледан од тие филмови е ‘’Битката на Неретва’’ или таканаречен битка на ранетите.После првите бомби несомнено е дека режимот или првите луѓе на режимот се погодени и тешко се ранети. Затоа во владата и нивните коалициони партнери е прогласена битка над битките, битка за ранетите по истото сценарио како што е сниман и оргиналниот филм Битката на Неретва само во денешни услови.

Кога врхушката на ДПМНЕ се наоѓаат опколени од како што они би ги нарекле предавници, изроди, комуњари, соросоиди и мали македонци, централниот комитет објавува воени соопштенија и наредуваат да се рушат сите мостови на дијалог и помирување со цел да се спасат ранетите односно самата врхушка на ДПМНЕ. Во редовите на ДПМНЕ се повеќе се наоѓаат оболени, заразени a отпишаните пак го задаваат последниот удар на ранетите.

Во оваа битка на ранетите, неможам да ги поштедам и нашите генерали кои седат во удобните фотељи и цитираат патриотски огнени говори кои и самите не ги разбираат. Помина повеќе од еден месец од кога првата бомба беше објавена, а генералите никаде ги нема. Самите знаат дека АРМ поседува опрема за прислушкување, дали е модерна или застарена не е релевантно. Кога се вели имало обид за пуч, значи имало обид барем дел од нив да бидат сменети од самите колеги “пучисти”.

Вашето молчење Господа Генерали е рамно на учество во битката за ранетите. Вие и вашиот Врховен Командант со вашето молчење сте директни соучесници во уривањето на демократските принципи и владеењето во Македонија. Се надевам дека барем еден од вас ќе се одважи како што веќе се одважија неколку пензионирани генерали, да кажат деке е уништен безбедностиот систем на Р. Македонија. Бидете достојни Господа Генерали на ситуацијата во Македонија. Македонија не е веќе тоа што беше пред еден месец, и без разлика како ќе се заврши ова, вашето молчење ќе остане забележено, како и молчењето на вашиот Врховен командант. Признале или не, вие господа учествувате во битката за ранетите. Одважете се, бидете во нешто први, жртвувајте кариера, столица и по некоја ѕвеѕда, ова не е време да бидете неопределени. На некои од вас Ви помагав да ги закачите вашите ѕвеѕди кои патем речено Господа Генерали не ги заслужувате.

Господа Генерали влогот е Македонија, оваа борба не е да падне ДПМНЕ и да дојде СДСМ, ова е борба за демократска Македонија. Вие сте јавни личности, каде се вашите ставови? Каде е вашиот Врховен Командант?Што чекате? Или сте обезглавени или чекате и вие да се најдете на некоја снимка. На крајот вие сте платени за тоа, и ова молчење не доликува на улогата на генералите. Со молчење сте дел од проблемот и соучесници во спасувањето на ранетите.Додека вие го спасувате ранетиот врв на ДПМНЕ, позади вас има болни, боси и омаловажени граѓани. Не однесувајте се себично, ослободете се од лажниот митски патриотизам на ранетите. Ова не е обична битка за ранетите, ова е повеќе од тоа, ова е битка за Демократска Македонија, Македонија каква што сите посакуваме.

М-Р Душан Андовски – Поранешен мајор во АРМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Очекуваме пратеникот Сашко Јанчев да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

Левица: Нов скандал на власта – Јанушев со тендер од еден милион евра ќе ги плаќа партиските митинзи

Кузеска: Ако СДСМ прислушкувала, зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да декласифицира

Манасиевски: Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали ЈО го крие во фиока затоа што штитат функционери на СДС и ДУИ?

Катерина Ѓуровски