Раководителот на Секторот за аналитика при ЦУК добитник на наградата „Лауреат на годината“

Од:

Во канцелариите на Центарот за управување со кризи денеска главниот претставник на Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA), од Балканската канцеларија од Белград, Џиро Такеичи му ја врачи наградата и признанието „Лауреат на годината“ на д-р Стевко Стефаноски, раководител на Сектор за аналитика, процени и стратешко планирање во ЦУК, во присуство на директорот Стојанче Ангелов и заменикот директор Екрем Зендели, информираат од ЦУК.

– Ова големо признание и награда од Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA – „Џајка“) доаѓа во период на мојот мандат како директор на Центарот за управување со кризи, но резултатите се постигнувани перманентно во текот на една деценија, што потврдува дека ЦУК навистина поседува капацитет што резултира со вакви успеси и заради тоа претставува кредибилен и проверен партнер за секоја понатамошна соработка, како со „Џајка“, така и со други релевантни меѓународни фактори, изјави Ангелов.

Во соопштението се наведува дека за време на средбата, со Такеичи, била нагласена важноста од долгорочната соработка помеѓу ЦУК и „Џајка“, што е започната пред нешто повеќе од десет години.

Во овој период, од ЦУК додаваат дека се имплементирани повеќе проекти, како проектот за Интегриран систем за превенција и рано предупредување за шумски пожари (МКФФИС) во периодот 2011-2014, потоа Регионалниот проект за земјите од Западен Балкан (2015-2017) и тековниот Еко-ДРР проект за стратешко спречување поплави со пошумување, којшто започна во 2017 година, а со потпишаниот Анекс ќе трае до крајот 2023 година.

Би можело да ве интересира

Активни се три пожари, четири се под контрола

Горан Наумовски

ЦУК: Осум пожари се активни, еден е под контрола

ЦУК: Активни се седум пожари, два се под контрола

Директорот на ЦУК објави „спасено теле“ од Палиград, а фотографијата е стара шест години

ЦУК: Пожарот во Церово будно се следи, екипите со максимален ангажман на терен

А1он

ЦУК: Десет пожари на отворен простор, активни се шест