Ракометарот на Бутел, Денис Тот (27), се бори за живот на скопските клиники, откако брутално бил претепан. Од неговиот клуб доцна синоќа потврдија дека ракометарот од Хрватска се наоѓа во тешка состојба.
Не е познато што точно се случило, се очекува во текот на денот МВР да излезе со повеќе информации.
„Родителите се на пат кон Скопје, но немаме информации што точно се случило“, изјавил братот на Денис Тот, кој кариерата ја гради во Холандија.
Тот во Бутел пристигна од Охрид, во кариерата играл за Адемар Леон, Брук, Пореч и Бјеловар.