Ракометарот Денис Тот пред да почине бил нападнат од две лица

Од:

Хрватскиот ракометар Денис Тот вчера изутрината бил нападнат од две лица, дечко и девојка, во близината на дискотеката „Привилиџ“, дознава „А1он“. Ракометарот Тот (27) попладнево почина на Клиниката за реанимација, анестезија и интензивно лекување (КАРИЛ).

Откако полицијата ги прегледала камерите на „Сејф Сити“, точно се утврдило што се случувало и отворен е предмет во полицијата.

На снимките наводно се гледа дека две лица, дечко и девојка, кои најверојатно биле во дискотеката „Привилиџ“ влегле во такси возило.

Ракометарот преку прозорецот им кажал нешто, и двајцата излегле од возилото, му удриле неколку шлаканици, Тот паднал на земја, а девојката го удрила неколку пати со нога по главата. Младиот ракометар, според нашите извори, не пружал отпор, а дечкото и девојката го напуштиле местото на настанот. Брза помош викнала девојка која што го видела телото на Тот на асфалтот.

Кога бил донесен во Ургентниот центар, ракометарот немал срцева акција. Докторите еднаш успеале да го реанимираат, но било залудно.
Неговото тело е дадено за обдукција, во Институтот за судска медицина за да се утврдат причините за смртта.

Обдукцијата ќе биде извршена утре, но резултатите ќе бидат предадени во Обвинителството и нема да бидат соопштени на јавноста.

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на правосилната пресуда за убиството на Денис Тот

Горан Наумовски

Апелација ги потврди затворските казни за убијците на ракометарот Денис Тот

Миланов: Правната квалификација „убиство“ е спорна за сите обвинети во случајот Денис Тот

Одбраната на обвинетите за убиството на Тот од Апелација бара повторно судење

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Обвинителката за пресудата за Денис Тот: Казната е во рамки на законски предвидената казна

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) „Казните се драконски, ова е неправда“, реакции на адвокатите чии обвинети добија вкупно 52 години затвор

Кристијан Ландов