Ракети за минофрлач најдени во двор од напуштена куќа во Арачиново

Од:

Во двор на напуштена куќа во скопско Арачиново вчера биле пронајдени девет парчиња ракети за минофрлач. Случајот бил пријавен во полиција, а увид направил Одделот за недозволена трговија и антитероризам.

– На 4 март 2018 година во 13.40 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Џ.И. пријавил дека во двор од напуштена куќа во село Арачиново, скопско, биле пронајдени девет парчиња ракети од минофрлач, соопшти денеска МВР.

Како што информираат оттаму увид на местото извршиле екипи од Одделот за недозволена трговија и антитероризам. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец