Рајнхарт Прибе во посета на Тетово

Од:

Размена на ставови и концепти за случувања околу Македонија и Европа беа главни теми во денешната посета и средба на високиот советник на Европската комисија Рајнхарт Прибе со градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи.

По средбата во зградата на локалната самоуправа во Тетово изјава за медиумите даде само градоначалничката Арифи.

– Извештајот на денешниот гостин на Тетово Рајнхарт Прибе е многу значаен за напредокот на Македонија, но и нејзината ориентација за европски напредок. Тој во Тетово престојува и како гостин професор на еден од нашите универзитети. Од наша страна на него ќе му доделиме признане поради напредокот што го имаме околу европските прашања. Нормално останува да покажеме активности и ангажман и како држава и како општество што побрзо да ги постигнеме стандардите на Европската унија, изјави Арифи.

Во однос на исполнување на препораките од извештајот на Прибе во праксата во Македонија Арифи посочи дека тоа било увидено при последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, преку позитивната оценка и безусловна препорака за старт на преговорите на наше зачленување во унијата.

– Во јуни го очекуваме и состанокот на министрите од земјите членки на ЕУ, но начинот и тенденциите што ги гледаме кај нас се позитивни и оќекуваме дека не само што ќе останат такви туку уште повеќе ќе се унапредат, рече Арифи.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Дел од медицинските лица во Тетово излегуваат на улица поради нерешен работен статус

Горан Наумовски

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја

Тело на мртов маж од Тетово е пројдено во семејното возило, полицијата истражува дали е убиство или самоубиство

Горан Наумовски

Поплавени подвозниците во Тетово, атмосферските и фекалните води не се апсорбираат

Катерина Ѓуровски