На денешното рочиште за случајот „Рекет“ сведочеше Александар Радуловиќ, сопруг на Марина Туцаковиќ.
Според сведочењето на Радуловиќ, тие последен пат се сретнале на 21 февруари 2019 година во ателјето во домот на Радуловиќ.
„Боки беше со мајка му и кумата. Се договориме за набавка на лекови за жена ми и облека од Милано која Боки требаше да ја плати и донесе. Ги нарачавме и резервираме лековите во клиника во Милано и тоа терапија за 6-7 месеци. Многу сакапа терапија. Во Боки имавме доверба,тој требаше да отиде да плати и да ги донесе. Ние му дадовме малку поголема сума и тоа што му требаше, за по пат пари. Само лековите чинеа 12 илјади евра месечна терапија, за гардеробата не знам колку пари ама и тоа беше скапо“, рече Радуловиќ во своето сведочење.
Парите вечерта му ги дале кај нив дома.
„Лично на рака јас му ги дадов, тој му ги даде на Тони. Вкупно 150 илјади евра“, рече тој.
Сведокот со Бојан Јовановски се познавал 12 години, најпрвин професионално, а потоа и приватно.
Станале семејни пријатели и оделе заедно на одмори, а бил и чест гостин во неговиот дом.
„Пред две години кажа дека ќе отвара телевизија, нам ни одговараше затоа што сакавме да го прошириме влијанието во цел регион.
Му дадовме пари за отварање на телевизијата во неколку наврати за да купи опрема и да ја развива телевизијата.
Приватно и во овие 12 години му имаме давано пари и не сме склучиле било каков договор писмен“, сведочеше Радуловиќ.