Радио Скопје на албански јазик одбележа 74 години од постоењето

Од:

На 28 јануари 1945 година гласот на Владо Малевски од Скадар со фразата „Ви зборува Радио Скопје“ прв пат се слушна во етерот на Радио Скопје на албански јазик. До 4 мај 1948 година Радио Скопје функционираше со прекини во емитувањето на програма на албански јазик, по што се вработени спикерките Параскиева Малевска и Нермине Кети.

Прв уредник бил Талат Авче, додека во 1967 година бил именуван и првиот главен и одговорен уредник Муртеза Пеза.

Радио Скопје, сервисот на албански јазик почнува со емитување на програма околу три часа на ден, и со тек на време во континуитет ја проширува својата програма на шест, девет, за денеска да емитува 17 часа програма.

Главниот и одговорен уредник Хаки Мустафа изјави дека Радио Скопје работи со три програмски единици, со 11 други редакции и две секции за јазици и продуценти.

– Очекувам да ни се среди студиото, да ни се даде зашто сигналите се уште не се дигитални, туку аналогни, но и да се вработат нови новинари за да оствариме 24-часовно емитување на програма, нагласи Мустафа.

Мустафа информира дека во 1992-1993 во Радио Скопје функционирал и народниот оркестар, со кого се снимиле првите видео-касети со многу познати пејачи. Пред пет години Радио Скопје ја доби наградата за најслушано сеалбанско радио „Орелско око“ од Албанската Академија на Науки.

Би можело да ве интересира

Русија го означи Радио Слободна Европа како „непожелна организација“

Снопче: Албанскиот јазик е најстар во Европа, треба да ви биде чест да е службен јазик

Инцидент во зградата на МРТВ: Вработен во обезбедување нападнат од колега

Горан Наумовски

Македонската телевизија не се емитува во Бугарија, Ковачевски ќе бара одговор од МНР зошто

Катерина Ѓуровски

Програмскиот совет при МРТ и ЗНМ: На нетранспарентен начин се крати буџетот на МРТ

Ана Ололовска

Груби: Со употребата на албанскиот јазик не загуби никој, а се добија многу полојални граѓани

Ана Ололовска