Радев: Уставните измени се европски, а не бугарски барања

Од:

Решението за проблемите во односите на Бугарија со Северна Македонија лежи во имплементацијата на Копенхашките критериуми за членство во ЕУ и во почитувањето на човековите права. Затоа, повеќе не треба да се зборува за „бугарско вето“, бидејќи има јасен заклучок на Европскиот совет од јули годинава и договорена преговарачка рамка, вели бугарскиот претсдеател Румен Радев во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА.

– Тоа се европски, а не бугарски барања, кои јасно кажуваат дека Република Северна Македонија мора да го измени својот устав за да им даде можност на Бугарите да имаат уставна заштита и еднакви права со тоа што ќе бидат вклучени во уставот на еднаква основа со другите државотворни нации во земјата. Треба да се искорени јазикот на омразата и насилството врз Бугарите, и да се почитува и заштити бугарското културно и историско наследство, истакнува Радев.

Бугарскиот претсдеател изразува недеж дека државниот врв во Скопје што побргу „ќе ги прифати европските принципи и вредности за подобра иднина на граѓаните на Северна Македонија, како и за создавање подобра перспектива за сите на Балканот“.

Радев во интервјуто за АНА-МПА нагласува и дека Бугарија и Грција се стратешката оска на стабилност која создава можности за одржлив развој и раст на целиот регион.

– Двете земји не се само соседи, туку пример како на Балканот може да се надминат проблемите од минатото и да се градат стратешки односи врз основа на европските принципи и вредности, изјави шефот на бугарската држава.

Би можело да ве интересира

Гир: Очекуваме спроведување на уставните измени за продолжување на патот на земјата кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Радев и Вархеји очекуваат да поминат уставните измени веднаш по изборите на 8 мај

Орце Костов

Османи: Уставни измени веднаш по изборите пред формирање влада

Орце Костов

Мицкоски: Техничка влада не е предмет на средбата, уставни измени нема да има додека немаме јасен европски пат

Уставните измени се обврска, процесот не завршува на 31 декември, вели Ковачевски

Горан Наумовски

Маричиќ: Скринингот на ЕУ ќе заврши во декември и тука ќе застанеме бидејќи не поминаа уставните измени

Орце Костов