Радев: Нема потреба од посредници меѓу Софија и Скопје

Од:

Немаме потреба од посредници, никој од нас подобро не ја знае нашата историја. Решението на проблемите зависи од нас, од конструктивниот дијалог врз историски документи и извори на кои ќе работи заедничката комисија, изјави денеска во Рим бугарскиот претседател Румен Радев во врска со предлогот европските историчари да се вклучат во бугарско-македонската историска комисија.

Радев кој е во Рим заедно со претседателот Стево Пендаровски на одбележувањето на сесловенските просветители Килрил и Методиј, рече дека овој негов став му го кажал повеќепати на неговиот македонски колега.

– Комисијата ќе се занимава со историјата, но најважно е ние на високо политичко ниво да ги преземеме потребните чекори. Овие чекори не поминуваат низ другите европски метрополи и од таму во никој случај да се врши притисок врз Бугарија. Вистинскиот чекор е еден – во Софија. Тогаш ќе се решат сите проблеми. Ние мора да бараме одржливо и неповратно решение, изјави Радев за бугарските новинари кои ја следат неговата посета на Рим.

Би можело да ве интересира

Уставните измени треба да се спроведат, се надевам на конструктивност од соседите, порача евроамбасадорот Рокас

Новата министерка за надворешни работи на Бугарија е креаторот на „Францускиот предлог“

А1он

Филипче: Македонскиот јазик не е загорезен, Мицкоски прдолжува со лажната одбрана на идентитетот

Мицкоски: Бугарскиот наратив кон Македонија нема да се промени

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка