Рационално со водата од градскиот водовод во Кочани

Од:

Граѓаните на Кочани и на уште девет населени места во општината кои се приклучени на градскиот водоснабдителен систем, рационално да ја користат водата во овие топли денови со високи температури, апелираат од кочанското Јавно претпријатие „Водовод“.

Апелот следи откако последниве неколку дена се забележува зголемена потрошувачка на вода која го достигнува максимумот на испумпана вода од изворите кај село Грдовци од 280 литри во секунда.

– Ова особено се чувствува во попладневните часови од 17 до 20 часот каде што потрошувачката е енормно зголемена при што одредени зони во градсот остануваат без вода во своите домови. Капацитетот на водоснабдителниот систем и на бунарскиот систем кај село Грдовци е 280 литри вода во секунда, количини кои доколку рационално се искористуваат ќе нема проблеми во водоснабдувањето, истакна директорот на КЈП „Водовод“ Љупчо Папазов.

Тој со повик водата од градскиот водовод граѓаните да не ја користат за полевање на бавчите и градините, бидејки таа е неопходна на сите граѓани на Кочани.

Папазов најави и зачестени контроли во одредени делови на градот и по населените места, се со цел да се регистрираат домакинствата кои рационално не ја користат водата од кочанскиот водоснабдителен систем.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Министерот за полиција сега ќе ја анализира водата во Гостивар – додека граѓаните сѐ уште се трујат