Работник почина од струен удар во Струга

Од:

Градежен работник починал од струен удар вчера додека местел олуци на куќа во Струга.

МВР соопшти дека четирисет и четиригодишниот Г.М. заедно со неговиот брат А.М. и со М.П., сите вработени во „АМГ Дизајн 2013“, местеле олуци на куќата во Струга, при што со олук допрел електрична жица од далековод кој минувал на висина од околу 2,5 метри од терасата каде се наоѓал, добил електричен удар и паднал.

Од страна на екипа на Итна медицинска помош му била укажана лекарска помош, по што бил пренесен во болницата во Струга, каде била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила полициска екипа од Струга. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип