Работник од Кочани се повредил и починал во фабрика на подрачјето на Гази Баба

Од:

Педесет и седумгодишен работник од Кочани денеска се повредил и починал во кругот на фабрика на подрачјето на општина Гази Баба.

– Денеска (12.07.2023) во СВР Скопје е пријавено дека во 13:35 часот во кругот на фабрика на подрачјето на Гази Баба, В.К.(57) од Кочани додека извршувал работни задачи за фирма од Штип се повредил и починал. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана е смрт, велат од Министерството за внатрешни работи.

За настанот е известен трудов инспектот и јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција. Извршен е и увид од страна на екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

САД воведуваат такса од 100.000 долари за визи за квалификувани работници

Тежок кран згмечи тројца работници во тунел, полицијата се сомнева во технички дефект

Тревога во Берлин: Губиме на сите фронтови

СДСМ: Власта им фрла трошки на работниците со покачување од срамни 1.800 денари

Тешко повредена работничка во Кочани

Тешко повреден работник во фабрика во Пробиштип