Работник од Битола прегазен од градежна машина

Од:

Работник од Битола починал откако бил прегазен од работна машина „Бобкет“ на станбено-деловен објект во изградба на улицата „Васко Карангелески“ во Битола.

Шеесет и тригодишниот Ј.Е. заедно со 56-годишниот работник Т.М. биле удрени во моментот кога 47-годишниот возач на машината извршувајќи насипување на стопи, се враќал назад.

Починатиот бил изваден од под машината и со возило на Итната медицинска помош е префрлен во Ургентниот центар при Клиничкиот центар во Битола каде е констатирана смрт.

Неговиот колега Т.М. поминал без телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип