Работната група го презентираше извештајот за состојбата во стационарот Вардариште

Од:

Градот Скопје во текот на изминатиов месец интензивно работи на изнаоѓање системско решение за превенција и спречување на инциденти  што се поврзани со напади на граѓаните од кучиња, без разлика дали станува збор кучиња скитници или за кучиња кои имаат сопственици.

Работната група за следење на состојбата во работата на стационарот за хуман третман на уличните кучиња – Вардариште, денеска го презентираше Извештајот за следење на состојбата во работата на стационарот за хуман третман на уличните кучиња – Вардариште.  Работната група, формирана со решение од градоначалникот Шилегов, е составена од 5 члена, односно од еден советник во Советот на Град Скопје, вработен во Секторот за комунални работи на Град Скопје и по еден претставник од  здружението за заштита на животни Анима мунди, граѓанската иницијатива  Кане Корзо и  од Асоцијацијата на активности за правата на животните. Во рамките на извештајот се содржани и препораките за работата на стaционарот Вардариште, изготвени на 07.12.2017 од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, а на барање на Здружението за заштита на животни Анима Мунди од Скопје.

Извештајот прави увид во затекнатата состојба и содржи препораки за инфраструктурни интервенции во стационариот „Вардариште“. Во тој контекст, увидот покажува дека објектот е под сите стандарди за згрижување на кучиња и неопходни се итни мерки за подобрување на состојбата.

„Стационарот е сместен на тешко пристапна локација, во исклучително запуштена, валкана околина. Објектот е стар, неодржуван и речиси руиниран, грубо адаптиран за намената која ја извршува и неопходни се низа итни интервенции и мерки за оспособување на деловите и просториите кои се користат. Животните кои се заловуваат и носат во стационарот се сместувани во мизерни услови, запоставени, изнемоштени, трауматизирани, валкани, невдомливи. Во услови во какви што е затекнат стационарот, тој е крајно непријатно место за посетување, што e само една од причините поради кои речиси никој потенцијален вдомувач на куче не би го посетил стационарот и вдомил миленик“,  е наведено во извештајот на работната група на Град Скопје.

Во извештајот се наведени и мерките кои треба да се преземат за надминување на лошите услови во стационарот. Меѓу нив се реновирање на просториите за прием и боксовите за сместување на кучињата, реновирање и адаптација на просториите за преглед и медицински третман на кучињата, подобрување на хигиенските услови, поставување термичка изолација, систем за греење и ладење, одвојување и опремување на боксовите за кучињата со легла, поставување видео надзор, набавка на нова опрема за заловување, изработка на регистер кој ќе биде јавно достапен за секое животно кое ќе биде донесено на Вардариште, уредување на надворешниот дел со цел рекреација и социјализација на кучињата, како и асфалтирање на патото до стационарот.

Во насока на надминување на затекнатите состојби и севкупно подобрување на условите во стационарот Вардариште, Градот Скопје и натаму ќе соработува со невладините организации и сите засегнати страни поврзани со оваа проблематика. Во тој контекст, членот на работната група од Советот на Град Скопје, Васко Лазаревски најави дека во буџетот на Град Скопје за следната година се превидени 10 милиони денари за реализирање на мерките предвидени со извештајот во насока на севкупно подобрување на условите во стационарот Вардариште.

Комплетниот Извештај на работната група за следење на состојбата во работата на стационарот за хуман третман на уличните кучиња – Вардариште можете да го подигнете на следниот линк:

http://www.skopje.gov.mk/Uploads/Izvestaj%20na%20rabotnata%20grupa%20za%20rabotata%20na%20stacionariot%20Vardariste.pdf

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак