Работна средба за квалитетот на амбиенталниот воздух

Од:

Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми и градоначалниците на Град Скопје и општините ќе одржат работна средба со Интерсекторската работна група за следење на состојбата со квалитетот на амбиентниот воздух и дефинирање на соодветни препораки и мерки кои треба да се преземат за подобрување на квалитетот на воздухот (ИРГ).

Состанокот ќе се одржи врз основа на Заклучок на 104-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 11 декември, а ќе биде презентирана досегашната работа на ИРГ, како и начинот на информирање на јавноста при алармантно загадување на воздухот.

Исто така ќе бидат презентирани препораките и мерките што ќе се преземаат при ваквите состојби на амбиентниот воздух во Скопје.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Хани: Корупцијата најмногу ги погодува безбедносниот и еколошкиот сектор

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом